Дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт ги демантираше шпекулациите дека е поставен на диета со ниско ниво на јаглехидрати од страна на тренерот Маурицио Сари, кој наводно сметал дека Холанѓанецот има вишок на килограми.
Де Лихт беше најавен како огромно засилување на Јуве, доаѓајќи од Ајакс во Серија А, но имаше тежок почеток на италијанската кариера. Тој прво беше оставен на клупата, додека Сари се потпре на Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, но посериозната повреда на Бонучи му даде шанса да биде во првиот тим.
Во неделното дерби со Интер, тој направи пенал, но 20-годишниот Холанѓанец вели дека нема проблеми со адаптацијата.
„Тие написи за диетата навистина се луди. Но, веќе не ме изненадува. Понекогаш мислам дека имам добра игра, но за некого секогаш сум лош. Но, тоа е нивно мислење. Секој нов фудбалер мора да помине низ периодот на адаптација. Јувентус има двајца фантастични дефанзивци во Кјелини и Бонучи. Планот беше јас полека да се учам на работата, но сега имам шанса, но и предизвик да покажам што умеам“, вели Де Лихт.