Top Sport

Де Лихт ги одби Барса и покрај тоа што Ајакс ја прифати понудата

Талентот на Ајакс, Матијс де Лихт го одбил трансферот во Барселона и покрај тоа што двата клуба се согласиле за трансфер од височина од 75 милиони евра, јавуваат шпанските и холандските медиуми.

Како еден од „најжешките“ мети во летниот преоден рок, Де Лихт привлече интерес од повеќе врвни тимови, како Пари Сен-Жермен, Манчестер јунајтед и Јувентус, но сега каталонското радио „Кадена СЕР“ објавува дека по совет на менаџерот Мино Рајола, Де Лихт решил да ја одбие понудата.

Се верува дека Де Лихт е подготвен да направи сè што ќе му советува Рајола, чии мотиви засега не се јасни, иако во Каталонија веруваат дека се работи само за пари. Според „Кадена СЕР“, Де Лихт побарал повеќе пари од неговиот поранешен соиграч од Ајакс, Френки де Јонг и дека правел „неразумни“ барања од каталонскиот гигант.

Со Барса надвор од трката, се смета дека ПСЖ се први фаворити бидејќи се подготвени да ги дадат парите кои се потребни, а исто така постои и гаранција за стартно место во клубот од Париз.

Scroll to Top