Top Sport

Де Лихт не беше задоволен во Јуве, сега е незадоволен во Баерн

Матијс де Лихт станува исфрустриран во Баерн Минхен од минутажата која ја добива од тренерот Томас Тухел и веќе почнал да размислува за заминување од Германија, тврди германскиот „Билд“.

Холандскиот дефанзивец пристигна на „Алијанц арената“ од Јувентус, каде што не беше задоволен од тактиката и стилот на игра на Масимилијано Алегри, а сега откако првите четири меча од новата сезона ги стартуваше од клупата, се зголемува неговата нервоза. Де Лихт не доби шанса да заигра при 4:3 победата над Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони, по што наводно јавно го искажал незадоволството.

„Како централен бек не добивате многу шанси да влезете како замена. Матијс заслужува да играа 100 отсто, се наоѓа во добра форма. Знам дека не му одговара малата минутажа, но тој е тимски играч“, објасни Тухел.

Scroll to Top