Top Sport

Де Лихт: Ни фали еден стрелец како Роналдо

Иако повеќето негови поранешни соиграчи тврдеа дека Кристијано Роналдо ја „растурил“ тимската игра на Јувентус, Матијс де Лихт по вчерашната 2:0 победа над Удинезе тврди дека на клубот едноставно му недостасува стрелец како Португалецот.

По победата, Масимилијано Алегри изјави дека на тимот му недостасува зрелост и искуство, и Де Лихт се согласува.

„Го слушнав тренерот и сфаќам што мисли, бидејќи имаме многу млади фудбалери. И јас сум млад, барем според годините, иако имам над 250 натпревари на сениорско ниво и имам мало искуство. Знаеме дека работите мора да се подобрат, но барем победивме, и имаме шест победи во последните осум меча. Ни недостасува играч од типот на Кристијано, кој влегуваше во шестнаесетникот и добиваше гол без многу проблеми. Ни недостасуваше тоа од почетокот на сезоната. Немаме стрелец кој ќе даде 30 година по сезона“, изјави Де Лихт.

Scroll to Top