Матијас Де Лихт, младиот капитен на Ајакс, летово ќе го напушти клубот од Амстердам, прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата. „Пола“ клубови од Европа се заинтересирани за 19 годишниот фудбалер.
Неговиот менаџер Мино Рајола, најмногу сакал Де Лихт да заврши во Манчестер Јунајтед, евентуално во Јувентус или Баерн Минхен.
По повод шпекулациите дека Манчестер Јунајтед можеби ќе го добијат Де Лихт, се огласи Арон Сколс, синот на членот на една од најдобрите генерации во историјата на клубот, Пол Сколс.
„Колку и да сакам да го видам Де Лихт во Јунајтед тоа не би му го посакал. Оди пријателе во Барселона и уживај во кариерата бидејќи ние сме г…о од екипа“, напишал на „Твитер“ Арон Сколс.