Top Sport

Де Лихт открил зошто го одбрал Јувентус

Матијас Де Лихт минатото лето беше желба на неколку екипи, а тој одбра кариерата да ја продолжи во Јувентус. „Старата дама“ за неговиот трансфер издвои 85 милиони евра.

Барселона им беа најголеми конкуренти на Јувентус за потписот на Де Лихт. 20 годишникот за каталонскиот весник „Спорт“ открил зошто на крајот го одбрал Јувентус.

„Ги разгледав сите опции и заклучив дека во Јувентус ќе можам најмногу да напредувам и дека таму ќе станам комплетен фудбалер“, рекол Де Лихт.

За разлика од Матијас, неговиот добар пријател Френки Де Јонг се реши за трансфер во Барселона.

„Често разговараме. Интересно е што пред две години игравме за младиот тим на Ајкас, а сега тој е соиграч со Маси, а јас со Роналдо“, истакнал Де Лихт.

Scroll to Top