Top Sport

Де Лихт побарал Јуве да го продадат, Челси и Јунајтед го „чекаат“

Матијс де Лихт побарал од првите луѓе на Јувентус да го продадат по „експлозивниот“ состанок за нов договор кој „заглавил“ околу клаузулата за оптуст, тврди италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

22-годишниот Холанѓанец, кој дојде во Јувентус од Ајакс во 2019 за 67 милиони фунти, не бил задоволен од понудата која ја добил од торинскиот клуб и инсистирањето да има откупна клаузула од 100 милиони евра. Де Лихт по заминувањето на Пауло Дибала е најскапоплатениот фудбалер на Јуве со 9 милиони евра годишна плата. Тој има договор до 2024 година.

Ако Јуве му дозволи да замине, англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед и Челси се заинтересирани за неговиот потпис. Јунајтед се обидоа да го донесат пред неговиот трансфер во Јуве, а сега на нивната клупа е неговиот поранешен тренер Ерик Тен Хаг. Челси, пак, бараат замена за Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен, кои заминаа во Шпанија.

Scroll to Top