Јувентус претпладнево организираше прес конференција на која на јавноста и го претстави Матијас Де Лихт. Целиот трансфер на 19 годишниот дефанзивец изнесува 85,5 милиони евра. Де Лихт потпиша пет годишен договор, а во Јувентус на грбот ќе ја носи четворката.
„Иако сум млад имам големо искуство за еден 19 годишник. Поради тоа се одлучив на ваков потег. Дојдов тука да научам нешто од овие фудбалери. Ова е голем чекор за мене. Прва пат ќе играм надвор од Холандија. Почестен сум од начинот на кој што ме пречекаа навивачите“, рекол на почетокот Де Лихт.
Тој во Јуветус ќе игра заедно со Кристијано Роналдо, кој по дуелот на репрезентациите на Португалија и Холандија во Лигата на нации го поканил Де Лихт да се пресели во Торино.
„И пред финалето во Лигата на нации знаев дека сакам да играм за Јувентус. Сепак тоа што Роналдо ме покани да дојдам за мене е голем комплимент.“
Ronaldo: "Come to Juventus!"
de Ligt: Huh?!
Ronaldo: "Come to Juve. Come play with me!" #AgentRonaldopic.twitter.com/9GyYwryf1Y
— Rizki Adam Pribadi (@RizqAdamP) July 16, 2019
Де Лихт рекол дека му се допаѓа фудбалската филозофија на тренерот Маурицио Сари, а потоа одговорил и на прашањето зошто ги одбил понудите од Барселона и Пари Сен Жермен.
„Постои моја фотографија на која имам шест или седум години и на која сум во дрес на Јувентус. Тогаш му се восхитував на Фабио Канаваро. Природно е што дојдов во Јувентус“, рекол Де Лихт.