Иако речиси завршена работа беше трансферот на холандскиот интернационалец од Ајакс, Матијас Де Лихт, идната сезона да го облече дресот наа Барселона, сепак тој открива интерес и од други екипи во моментов.
Според него, покрај понудата од Каталонците, тој има сериозна понуда и од Јувентус.
Де Лихт за „Тутоспорт“ вели дека не е чудо ако заврши во Торино.
„Може да се случи и трансфер во Јувентус, но има уште неколку заинтересирани клубови. Но ќе видиме за тоа кога ќе дојде вистинското време, сега сум фокусиран само на Ајакс, и се уште незнам каде ќе завршам, за тоа е задолжен мојот агент Мино Раиола. Ми се допаѓа многу Кјелини, доста е силен дефанзивец, еден од најдобрите во Европа. Исто така го почитувам и Бонучи, едни од најдобрите во Европа. За мене како млад играч, останува да бидам инспириран од вакви играчи“ – вели Де Лихт.
Шпекулациите се дека освен овие два клуба, за холандскиот дефанзивен интерес пројавуваат и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.