Top Sport

Де Лихт: Со Јувентус не се чувствувам непобедлив како со Ајакс

Матијс де Лихт призна дека веќе не се чувствува „непобедлив и самоуверен“ откако си замина од Ајакс и потпиша со италијанскиот шампион Јувентус.

Де Лихт беше капитен на Ајакс без разлика на неговата младост (тој наполни 20 години во август) и минатата сезона ги однесе до двојна титула во Холандија и до полуфиналето во Лигата на шампионите, добивајќи богат договор со Јувентус. На стартот на сезоната тој не добиваше шанса од Маурицио Сари, но по повредата на Џорџо Кјелини сега е во стартните 11.

„Уште не сум толку добар колку што можам и го знам тоа. Со повеќе натпревари ќе стигнам таму и морам да учам од моите искусни соиграчи. Во Ајакс чувствував непобедливост, сега го нема тоа чувство, ја нема таа самодоверба. Сега сум во нов клуб, со нов стил на игра и со нови соиграчи. За мене сѐ е ново. На крајот, оваа сезона не сум загубил ниту со Јувентус, ниту со репрезентацијата. Среќен сум“, вели Де Лихт.

Scroll to Top