Top Sport

Де Лихт со мраз на рамото по секој дуел во Серија А (фото)

На синоќешното дерби меѓу Јуве и Лацио, повторно еден од најдобрите на теренот беше 20-годишниот холандски стопер, Матијс де Лихт кој и понатаму игра со болно рамо.

Веднаш по мечот на Инстаграм се појави фотографија со неговиот колега од дефанзивната линија, Мерих Демирел. На фотографијата е евидентно завиткано со мраз рамото на Холанѓанецот, а тој операцијата ја одложува за по крајот на сезоната.


Де Лихт игра со болки и му се става на располагање на тренерот Сари кој освен него на располагање ги има и Бонучи, односно Ругани. Токку Ругани играше на местото на Де Лихт при гостувањето кај Милан, каде „Старата дама“ претрпе пораз од 4-2.

Холандскиот дефанзивец годинава се профилираше како еден од клучните играчи на италијанскиот шампион за разлика од слабиот старт на сезона. Тој во 2019 од Ајакс за 85 милиони евра прејде во Јуве.

Scroll to Top