Најдобриот играч на Удинезе, Родриго Де Паул, потпишал нов договор. Аргентинецот се обврзал дресот на „зебрите“ да го носи до јуни 2024 година.
„Сакавме да му покажеме на Родриго колку го цениме. Во исто време сакавме да го консолидираме тимот. Наскоро ќе ги продолжиме договорите со уште неколку фудбалери“, рекол спортскиот директор на Удинезе, Пјерпаоло Марино.
Одлуката да го продолжи договорот со Удинезе претставува големо изненадување во фудбалскиот свет бидејќи летово неколку врвни клубови беа заинтересирани за Де Паул.
Во овој момент неговата вредност на пазарот изнесува 25 милиони евра.