Даниеле де Роси вели дека Бока јуниорс е единственото место освен Рома каде што може да се чувствува „жив и среќен“. Де Роси дебитираше во понеделникот на „Ла бомбонера“, помагајќи за 2:0 победата над Алдосиви и вели дека се чувствувал магично и дека го живее сонот во Аргентина.
„Ова беа многу возбудливи три недели, пресреќен сум и бев пречекан на незаборавен начин. На почетокот малку бев исплашен, но сега сум среќен. Да се игра на ’Ла бомбонера’ беше магично, остварување на сонот, но потоа емоциите мораа да бидат ставени на страна и морав да им помогнам на моите соиграчи. Во Кина ќе заработував многу повеќе, но сакав да се чувствувам среќен и жив и единствено место покрај Рома каде што тоа беше можно беше Бока јуниорс“, вели Де Роси во интервју за „Фокс спортс“.
36-годишниот Италијанец се сретна со Диего Марадона пред своето деби, но вели дека тоа не е крајот.
„Откако се сретнав со Марадона, сега сакам да го видам Хуан Роман Рикелме. Само Иниеста беше подобар од него, тоа се двајцата комплетни фудбалери од средниот ред. И Касано ми кажа дека сака да се сретне со него. Инаку, во Буенос Аирес ме среќаваат многу луѓе на улица, дури и навивачи на Ривер Плата, така што морам да е навикнам на аргентинскиот фудбал“, додава Де Роси.