Top Sport

Де Роси: Да можам овие две средби би ги повторил

Капитенот на Рома, Даниеле Де Роси, има одиграно 600 натпревари за клубот од Рим, а во интервјуто за клупската телевизија открил кои порази најмногу го болат. За него тоа е мечот одигран во 2010 година против Сампдорија, кога Рома загуби остана без шампионската титула и дуелот во Лигата на шампионите против Ливерпул во Англија.

„Кога би можел да го вратам времето, би го повторил мечот Рома-Сампдорија и би пазел цело време на Пацини. Тој натпревар требаше да ни донесе голема победа која ја заслуживме. Исто така би го повторил првиот полу-финален меч со Ливерпул минатата сезона. Добро започнавме, не игравме лошо, но конечниот резултат не беше таков“, рекол Де Роси.

Искусниот фудбалер се потсетил на моментот кога станал член на клубот.

„Имав 11 години кога прв пат минав низ портата Тригорија. Низ кариерата потоа тоа го направив многу пати, но на тој момент секогаш се сеќавам.

Scroll to Top