Top Sport

Де Роси по пауза од 2 години повторно во дресот на Азурите

Искусниот играч од средниот ред на Бока Јуниорс, Даниеле Де Роси изненадувачки би можел да се врати во репрезентацијата на Италија по двегодишна пауза, пренесуваат италијанските медиуми.

За својата земја Де Роси досега одиграл 117 меча и дал 21 гол, а со Азурите го освои и Светското првенство во Германија во 2006 година.

Де Роси позледниот меч за Италија го одигра во дебаклот од Шведска во баражот за Мундијалот во Русија, но актуелниот селектор, Роберто Манчини сериозно размислува да го врати во селекцијата за дуелите со Грција и Лихтенштајн во квалификациите за ЕУРО 2020.

Доколку добие повик, 35-годишниот фудбалер би се вратил на стадионот „Олимпико“ каде со голем успех играше за Рома, затоа што дуелот против Грција Италијанците ќе го одиграат токму на овој стадион.

Де Роси летоска ја напушти „волчицата“ каде ја помина целата кариера, па се пресели во Аргентина, во тимот на Бока Јуниорс.

Scroll to Top