Top Sport

Де Сиерво: Ќе ни ги украдат играчите ако не ја завршиме сезоната

Серија А ги одреди 27 мај и 3 јуни како датуми кога е можно да продолжи прекинатата сезона. Клубовите спорат околу тоа дали Серија А треба да продолжи, според информациите осум тима побарале првенството да биде прекинато.

Првиот човек на Серија Луиџи Де Сиерво ги предупредил клубовите дека доколку првенството не продолжи ќе има тешки последици по италијанскиот фудбал.

„Доколку не играме тоа значи дека странските клубови ќе можат да направат пустош во нашиот фудбал, за пола цена ќе ми ги земаат најдобрите играчи. На играчите што ќе останат овде ќе им бидат намалени платите. Клубовите ќе бидат во „црвено“, а најголемите таленти ќе заминат“, изјавил за „Ла Република“ Ди Сиерво.

Во Европа досега Белгија и Холандија ќе прекинаа првенствата, иако и тие нивни одлуки како стојат работите не се конечни. Бројни клубови во Холандија најавија тужби по огорчени од одлуката на лигата.

Scroll to Top