Top Sport

Деби гол на тинејџерот Кнауф – Дортмунд победија во Штутгарт

Борусија Дортмунд успеа да слави на гостувањето во Штутгарт (3:2) и да остане во трката со Ајнтрахт и Вофлсбург за пласман во Лигата на шампионите. Со оваа победа Борусија има седум бода помалку од Ајнтрахт и осум од Волфсбург, екипи кои се на третото и четвртото место.

Победата на Борусија и ја обезбеди тинејџерот Кнауф, кој постигна прекрасен гол во 80.минута. 18-годишниот напаѓач го постигна дебитанскиот гол во сениорска конкуренција, по асистенцијата на Халанд. Норвежанецот се наоѓа во голгетерска криза, веќе шест натпревари нема постигнато гол.

Претходно, Штутгарт првиот дел го заврши со предност од 1:0, со гоот на Калајџиќ.

Дортмунд во воедните осум минути од вториот дел направи целосен пресврт преку Белингем и капитенот Ројс. Штутгарт израмни во 78.минута преку Дидави, но не успеа освои барем еден бод.

Scroll to Top