Велс ја забележа втората победа во Лигата на нации на УЕФА, откако во Кардиф со гол во 94. минута ја совладаа Бугарија со 1:0.
Човек на одлука беше 19-годишниот фудбалер на Ливерпул, Неко Вилијамс, кој по едно очајничко нафрлање ја смести топката во голот на Георгиев.
По два меча во Лига Б, Велшаните имаат две 1:0 победи и добри шанси од следната сезона да играат во елитната група. Бугарија има еден поен по 1:1 ремито со Ирска во првото коло.