Top Sport

Дебитантот Вилијамс им донесе победа на Велшаните во 94. минута

Велс ја забележа втората победа во Лигата на нации на УЕФА, откако во Кардиф со гол во 94. минута ја совладаа Бугарија со 1:0.

Човек на одлука беше 19-годишниот фудбалер на Ливерпул, Неко Вилијамс, кој по едно очајничко нафрлање ја смести топката во голот на Георгиев.

По два меча во Лига Б, Велшаните имаат две 1:0 победи и добри шанси од следната сезона да играат во елитната група. Бугарија има еден поен по 1:1 ремито со Ирска во првото коло.

Scroll to Top