Top Sport

Дедо од 75 години ќе стане најстариот фудбалер со официјален меч (видео)

Из Ал-Дин Бахадер, 75-годишниот дедо потпиша договор со египетски третолигаш во обид да го сруши рекордот за најстар активен фудбалер со официјални мечеви. На Бахадер ќе му требаат два официјални меча за да го подобри рекордерот на Израелецот Ицак Хајк.

Хајк, сегашниот рекордер, беше голман на израелски петтолигаш Макаби Ирони ор Јехуда, кога неговиот тим загуби со 4:1 од Рамат Израел. Пред него, рекордер беше Уругваецот Роберт Камон, кој играше за Клуб Пан де Азукар на 53 години и 182 дена во 2015 година.

Scroll to Top