Top Sport

Дефанзивците на Интер го скршија Беневенто (Видео)

Интер славеше над Беневенто 2:0, а со истиот резултат Болоња ја порази Џенова во воведните натпревари одиграни во 26.коло во Серија А.

Интер се мачеше против фенерџијата, н успеа да ја запише 14. победа во сезоната. Интересно победата на фавортитот му ја донесоа дефанзивците со головите кои ги постигнаа во последната третина од натпреварот.

Првиот гол го постигна Шринијар во 66.минута, а само три минути подоцна победата ја потврди Ранокија.

Беневенто мечот го заврши со играч помалку откако Виола во 81.минута го доби вториот жолт картон.

Болоња славеше над Џенова со головите на Дестро во 49. и Сезар Фалети во 72.минута. Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев го одигра целиот натпоревар за Џенова.

Scroll to Top