Top Sport

Дефанзивецот Лескот потпиша за шпански третолигаш – за само еден меч!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Џолеон Лескот договори соработка со шпанскиот третолигаш Расинг Мурсија. По помпезната најава дека 38-годишниот играч ќе остане подолг период во клубот, дојде до забуна.

Имено, Лескот кој е двоен шампион во Премиерлигата мислел дека потпишува договор за егзибициски меч. Наместо тоа, планот на Мурсија бил играчот да го искористи на мечот против Леванте на нашиот Енис Барди, за дуелот што е планиран на 16 декември во Купот на кралот.

Да биде уште поинтересно, Лескот се пензионираше уште пред 3 години, па голема е веројатноста дека не е во натпреварувачки ритам.

Освен него, Мурсија размислува и како засилување за некој од натпреварите да го ангажира и Самуел Ето, а дел од тимот веќе е Митијас Погба, брат на многу попознатиот Пол Погба.

Scroll to Top