Барселона го има најбрзиот фудбалер во Ла Лига оваа сезона. Роналд Араухо има 21 година, минатата сезона настапи на шест натпревари за првиот тим, а според прогнозите наредната сезона ќе доби шанса за целосно да е афирмира.
Араухо е најбрзиот фудбалер во лигата, му била измерена брзина од 34,91 километар на час.
Зад Араухо се Луис Риоха од Алавез (34,35 км/ч), Жорге Сантош Ернани од Леванте (34,31 км/ч), Маркос Љоренте од Атлетико Масрид (34,30 км/ч).
Меѓу најбрзите седум играчи во лигата се и двајца фудбалери на шампионот Реал Мадрид, Федерико Валверде и Лука Јовиќ.