Откако пристигна од Копенхаген во летниот преоден рок, Матијас Јоргенсен доби шанса да ги покаже своите квалитети во Хадерсфилд во Премиер лигата и наскоро стана миленик на публиката.
Со прекар Санка (по легендарниот филм за јамајчанскиот боб тим), тој вети дека ќе ги чести сите навивачи на Хадерсфилд кои ќе отпатуваат во Саутемптон на 23 декември за меч од Премиер лигата како благодарност за „фантастичната поддршка.
#ZankaClaus is coming to Town!
A drink on me for every @htafcdotcom fan going to Southampton on Saturday! Grab a token on the way in. ???? #MerryXmas #UTT #HTAFC pic.twitter.com/5cZmmYjAVv
— Mathias Zanka (@mzanka) December 20, 2017
По видео-пораката на социјалните мрежи, од тимот на Хадерсфилд потврдија дека навивачите ќе можат да добијат ваучери на стадионот „Сент Мерис“, кои ќе можат да ги искористат за мечот против Стоук на стадионот „Џон Смитс“. Како и да е, прекрасен гест.