Top Sport

Дефо со трогателна тетоважа на „пријателчето“ Бредли (видео)

Приказната за фудбалерот Џермејн Дефо и малиот Бредли Лауери беше трогателна за Велика Британија, и сега поранешниот напаѓач на Сандерленд реши да го овековечи тоа со специјална тетоважа за детето кое се бореше за својот живот.

Малиот Бред се бореше со редок рак неуробластома и трагично почина во јули 2017 на само шест години. Тој беше страствен навивач на Сандерленд и тогаш херој му беше токму Дефо, кој се дружеше со малото дете.

Дефо, кој го изнесе Бред на теренот во раце како маскота пред мечот против Евертон во септември 2016, вели дека имал посебна врска со малиот херој и сега реши да го тетовира неговото име „Бредс“ на раката.

Оваа година Дефо доби орден ОБЕ (ред на Британската Империја) награда од кралицата Елизабета втора, која му ја посвети на прекрасниот пријател Бредли. Секоја чест за фудбалерот.

 

View this post on Instagram

 

A permanent reminder of a special friendship ❤️ @iamjermaindefoe

A post shared by AFC Bournemouth (@officialafcb) on

Scroll to Top