Хрватскиот дефанзивец оваа пролет не се изнаигра многу во финалистот на ЛШ, Ливерпул, па многу веројатно е летово дека ќе го напушти „Енфилд“.
Италијанските медиуми шпекулираат дека три клуба од Серија А се сериозно заинтересирани за услугите на Хрватот. Се работи за Наполи, Милан и Лацио. Се чини римскиот клуб е најреална опција во моментов.
Лацио одигра солидна сезона, но не успеа да обезбеди место во ЛШ идната сезона.
Наполи би имал голем интерес за Ловрен, посебно ако стоперот Кулибали го напушти Неапол.
Милан со нов тренер ќе атакува на конкурентен тим во Италија и можност за влез во ЛШ наредната сезона.
Сепак, проблем за идниот клуб на Хрватот може да биде високата плата што ја има во Ливерпул. „Црвените“ најверојатно би биле задоволни со отштета од околу 12 милиони евра за Ловрен, договорот му истекува во 2021 година, но сегашната негова плата – 3 милиони евра по сезона е голам залак за „небесно-сините“ за тој да се пресели на „Олимпико“ во Рим.
Ловрен со Ливерпул утре игра финале на ЛШ против Тотенхем во Мадрид.