Top Sport

Дејвид Мојс го загуби умот и доби црвен картон!

Менаџерот на Вест хем јунајтед, Дејвид Мојс ја загуби контролата во финишот на пресметката од Лига Европа против Ајнтрахт Франкфурт, добивајќи црвен картон додека неговиот тим е пред елиминација.

Ова беше втор црвен картон за „чеканите“ во Германија, по тој на Арон Кресвел на стартот на мечот, при резултат 1:0 за Ајнтрахт, кој доаѓа по 2:1 победата на гости во Лондон.

Шкотланѓанецот беше лут на тактиката на оддолжување на времето, односно дека топката не му беше дадена навреме, за да ја шутне топката и да добие директен црвен картон.

Scroll to Top