Шкотскиот тренер Дејвид Мојс смета неговите успеси со Вест хем го враќаат на „радарот“ на голеите клубови, откако делумно ја поправи репутацијата по неславната епизода во Манчестер јунајтед како „избраниот“ наследник на Сер Алекс Фергусон.
58-годишниот Мојс ја имаше неблагодарната улога да биде наследник на најуспешниот премиерлигашки тренер, Фергусон во 2013 година, по што работеше во Реал Сосиедад и Сандерленд, пред одличната работа со Вест хем оваа сезона.
„Секогаш мислам дека моето најдобро време е пред мене. Зошто да бидам стар? Можеби само што поминав низ периодот на учење, и бев чирак досега, и сега сум доволно стар и искусен да бидам најдобар. Лично, си велам дека сега е времето за успех и за врвот на Лигата. Во Вест хем со тој потенцијал мислам дека градам тим по кој големите клубови ќе ме бараат. Не дека сум заинтересиран да заминам. Но, немаше да добијам шанса во Јунајтед доколку не завршев работа во Евертон. Ако го направам тоа и со Вест хем, тоа ќе биде голем успех за мене и за клубот“, вели Мојс.
Мојс кариерата ја почна како тренер на третолигашот Престон, пред во 2002 да добие шанса со Евертон, каде што со слаб тим го оддржуваше тимот во горниот дел од табелата. По ова следуваше големата шанса во Јунајтед, каде што беше отпуштен по само осум месеци по 15 порази во 51 меч.