Top Sport

Дејвис постави бундеслигашки рекорд од 36.51 км/ч, па доби прв црвен картон во кариерата!

Додека фановите на Баерн Минхен ги одбројуваат минутите до новата титула, нивниот канадски „спринтер“ Алфонсо Дејвис ги руши рекордите.

Левиот бек, кој наводно е вреден над 100 милиони евра, според официјалните податоци постави нов рекорд во Бундеслигата, постигнувајќи брзина од 36.51 км/ч. За споредба, светскиот рекорд на Јусеин Болт на 100 метри е поставен со максимална брзина од 44 км/ч.

Иронично, рекордот тој го „прослави“ со првиот црвен картон во својата фудбалска кариера.

Scroll to Top