Деклан Рајс, првата ѕвезда на Вест хем јунајтед, повеќе би сакал да премине во својот омилен клуб од детството, Челси и покрај големиот интерес на Манчестер јунајтед, кои го поставиле како прва цел во летниот преоден рок, тврди „Дејли мејл“.
Вест хем го ценат 23-годишниот англиски репрезентативец на над 100 милиони фунти, така што малку клубови би можеле да си ја приуштат оваа сума.
Неодамна, Рајс во интервју со поранешниот капитен на Јунајтед, Гери Невил изјави дека е „приврзан“ со неговиот роден град Лондон, поминувајќи го своето слободно време во Кингстон-апон-Темз, каде што порасна на неколку километри од „Стемфорд Бриџ“. Рајс беше дел од младинскиот тим на Челси, пред да биде отпуштен од клубот кога наполни 14 години.
Менаџерот на Вест хем (и поранешен прв човек во Јунајтед), Дејвид Мојс, пак, вчера изјави дека Рајс нема да биде продаден ова лето.