Висенте дел Боске во интервју за „Радио Марка“ вели дека и покрај тоа што поминаа точно девет години од финалето на Светското првенство во Јужна Африка во 2010, во кое Шпанија ја освои единствената светска титула со победата над Холандија (1:0 во продолжението), тој ниту еднаш не го прегледал мечот во снимка.

„Да, сеќавањата на тој ден се исклучителни бидејќи тоа е единствената светска титула која ја имаме. Не сум го гледал повторно тој меч. Зошто? Па, имам прекрасни сеќавања и мислам дека ќе ги загубам ако го гледам постојано тој меч. Мислам дека и сегашната генерација има доволно шанси да го повтори тој успех во 2022 година“, вели Дел Боске.

Од друга страна, Андрес Иниеста, стрелецот на победничкиот гол од пред девет години, на социјалните мрежи се потсети на успехот со пораката: „Девет години вечна среќа“.

И тогашниот капитен, Икер Касилјас се потсети со фотографија како го крева трофејот: „Споделете ја оваа слика толку пати што ќе ме наежи“.