На Кристијано Роналдо никогаш не му недостасувала самодоверба, но неговата изјава дека „најдобриот на сите времиња“ откако ја освои петтата „Златна топка“ минатиот месец, не донесе на многу добри реакции, дури и меѓу ексиграчите на Реал Мадрид.
„Јас сум најдобриот во историјата, во добрите моменти и во лошите. Ги почитувам сите кои мислат поинаку, но јас не сум видел подобар од мене. Секогаш сум го мислел тоа. Нема покомплетен играч – играм со двете нозе, брз сум, моќен сум, добар со главата, со ногата, асистирам… Има некои кои повеќе ги сакаат Нејмар или Меси, но нема покомплетен фудбалер од мене“, изјави при добивањето на „Златната топка“ за „Франс фудбал“ Португалецот.
Но, дел од играчите на Реал Мадрид од минатото, не веруваат во оваа изјава. Роналдо има повеќе гола од Алфредо ди Стефано, кој според многу фанови на Мадрид е нивниот најдобар играч откако Аргентинецот ги предводеше до европските титули во 1950-тите и 1960-тите.
„Би било нефер да ги заборавиме играчите како Ди Стефано, кои се меѓу најдобрите не само во Реал Мадрид, туку и во светот на фудбалот. Кристијано е вистинска легенда на Реал Мадрид поради сите остварувања, но тешко е да се каже дека тој е најдобриот играч кој минал низ клубот“, изјави неодамна поранешниот голман на Мадрид, Пако Бујо.
Поранешниот голман на Бока јуниорс и Ривер Плејт, Хуго Гати, кој играше против Ди Стефано се согласува
„Тој беше најдобриот. По Пеле, немаше подобар играч. Затоа не се прават споредби со Кристијано“, објасни Гати.
Диего Марадона, кога беше повикан да ја коментира изјавата на Роналдо изјави дека тој треба „да престане да се шегува“. Посериозно тој одговори дека Ди Стефано, Јохан Кројф и Меси би биле пред Роналдо.
Според головите, Роналдо е најдобриот. Тој има 422 гола во 415 настапи за Реал Мадрид со над 545 гола во клупската кариера и рекордни 79 (од 147 меча) за португалската репрезентација. Меѓутоа головите не секогаш се најважни, инаку на листата на најголеми играчи ќе беа имиња како Џими Гривс, Телмо Зара, Жист Фонтен и Герд Милер.
Бекот на Манчестер сити, Данило, кој играше со Роналдо во Реал Мадрид, вели дека Португалецот треба да се „смири“.
„Секогаш им велам на пријателите дека има тројца играчи кои правеле работи кои не се од овој свет: Нејмар, Иско и Марсело. Кристијано? Тој е играч што сака голови, што сака бројки и резултати. Затоа не е таму“, изјави Данило.
Слична е ситуацијата и во Португалија. Роналдо има повеќе голови од Еузебио, но многумина го сметаат покојниот напаѓач како најдобриот, откако имаше 733 гола во 745 клупски натпревари, а за Португалија имаше 41 гол во 64 натпревари.
„Тажен сум бидејќи не можам да ја направам споредбата. Тоа беше моја грешка бидејќи јас одиграв околу 60 меча за тие голови. Требаше да играм повеќе“, изјави Еузебио во 2013 година, кога Роналдо го мина на вечната листа.