Поранешниот капитен на Јувентус, Алесандро дел Пјеро признава дека бил „многу изненаден“ од одлуката Андреа Пирло да биде именуван како нов тренер на „бјанконерите“, но верува дека тој успешно ќе ја искористи шансата.
Јувентус го отпуштија Маурицио Сари по само една сезона по елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите од Лион, и неочекувано му даде шанса на Пирло, кој нема тренерско искуство и неколку дена претходно беше именуван за тренер на нивниот У-23 тим.
„Бев многу изненаден бидејќи беше многу рано да биде во таква позиција. Мислев дека Јувентус ќе изберат некој со поголемо искуство. Ова е голем предизвик за сите во клубот, но тие имаат силен тим и Андреа е фантастичен човек. Не знам што ќе прави на теренот, но го познавам лично и мислам дека ќе биде целосно подготвен да донесе успех за Јуве“, вели Дел Пјеро.