Top Sport

Дел Пјеро: Дибала мора да направи многу повеќе со тој талент

Пауло Дибала не смее да си постави граници за да го искористи својот целосен потенцијал во дресот на Јувентус, вели легендата на клубот Алесандро дел Пјеро.

Јуве го добија Дибала за 32 милиони евра од Палермо во 2015 година, обврзувајќи го со петгодишен договор и оттогаш во 214 настапи тој имаше 90 голови играјќи клучна улога во последните четири титули од Серија А и трите трофеи од Копа Италија.

26-годишниот Аргентинец се смета за еден од најталентираните фудбалери на светот, но сезона мораше да се навикнува на својата нова улога со Кристијано Роналдо во тимот од 2018, и оваа сезона се врати со 13 гола и 12 асистенци и Дел Пјеро вели дека тоа е потсетник на неговите уникатни квалитети.

„Голот кој го постигна против Интер пред паузата покажа дека тој е исклучителен фудбалер. Тоа мора да му дава повеќе самодоверба, но јас би отишол понатаму, човек со негов талент и менталитет мора да направи повеќе. Пауло не смее да си поставува граници и да ја освои иднината. Во Јувентус никој не ти дава ништо без труд и го кажувам тоа од лично искуство. Мораш да се докажуваш од првиот до последниот меч. За него патот само што почнува и мора да биде подобар, секако, со дресот на ’бјанконерите’ на грбот“, вели Дел Пјеро во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top