Алесандро дел Пјеро смета дека фудбалерите на Јувентус мораат да се кренат и да ја „сменат ситуцијата“, по неубедливата игра на стартот на новата сезона.
Јувентус гостуваат кај Пари Сен-Жермен во првото коло од Лигата на шампионите и Дел Пјеро признава дека неговиот поранешен тим не е фаворит.
„Поразот не би бил драма, но негативен меч би бил голем удар за овој тим. Јувентус влегуваат во Лигата на шампионите со неубедливи мечеви дома и тоа може да има негативно влијание. Италијанците треба да се потсетт дека секогаш е возможно да се победи посилен тим во Европа, видете што направија Вилјареал минатата година“, вели поранешниот капитен.