Top Sport

Дел Пјеро ќе го менува Ањели во Јуве?

Алесандро дел Пјеро е главниот кандидат да го замени Андреа Ањели на позицијата претседател на Јувентус, тврди весникот „Ил месаџеро“.

Легендарниот поранешен напаѓач на Јуве и на италијанската репрезентација во моментов работи како коментатор за „ЕСПН“, но сега би можел да се врати во својот стар клуб за да го замени Ањели, кој е под огромен притисок по фијаското на проектот со Европската Суперлига, каде што беше еден од лидерите.

Се верува дека Ањели не планира да даде оставка, но Џон Елкан, неговиот братучед и генерален директор на „Ексор“, компанијата која ги поседува Јувентус, Фиат и Ферари, може да одлучи да го замени од позицијата на следниот состанок на акционерите на 27 мај.

Покрај Дел Пјеро во игра за оваа позиција се и Алесандро Наси, но и поранешниот италијански селектор Марчело Липи.

Scroll to Top