Алесандро дел Пјеро останува една од најголемите легенди на Јувентус, поминувајќи 19 години со „старата дама“, но почитта кон италијанскиот фудбалер беше покажана и на „Сантијаго Бернабеу“, кога и најверните навивачи му аплаудираа на „Пинтурикио“.
Во меч од Лигата на шампионите во ноември 2008 година, Дел Пјеро постигна два спектакуларни голови за Јуве за 2:0 победа и сега во интервју за „Марка“ тој вели дека тој момент му останал во сеќавањата.
„Искрено, тоа ме изненади. Со Јувентус поминувавме низ тежок период со многу повреди и допатувавме во Мадрид со големи амбиции. Одигравме одличен натпревар и јас постигнав два натпревари, а кога тренерот ме повлече од игра, бев фокусиран уште на мечот. Потоа си помислив: ’зарем овие навивачи ми аплаудираат мене?’. Тоа беше неверојатен момент. Играш фудбал за да победуваш, но и да ги направиш навивачиет среќни. Кога ќе се случи таков момент на гостински стадион, чувството е уште подобро. А против Реал Мадрид на ’Бернабеу’? Уникатно, како да си освоил трофеј“, вели Дел Пјеро.