Top Sport

Дел Пјеро: Кога ми аплаудираа на „Бернабеу“ се чувствував како да освоив трофеј (видео)

Алесандро дел Пјеро останува една од најголемите легенди на Јувентус, поминувајќи 19 години со „старата дама“, но почитта кон италијанскиот фудбалер беше покажана и на „Сантијаго Бернабеу“, кога  и најверните навивачи му аплаудираа на „Пинтурикио“.

Во меч од Лигата на шампионите во ноември 2008 година, Дел Пјеро постигна два спектакуларни голови за Јуве за 2:0 победа и сега во интервју за „Марка“ тој вели дека тој момент му останал во сеќавањата.

„Искрено, тоа ме изненади. Со Јувентус поминувавме низ тежок период со многу повреди и допатувавме во Мадрид со големи амбиции. Одигравме одличен натпревар и јас постигнав два натпревари, а кога тренерот ме повлече од игра, бев фокусиран уште на мечот. Потоа си помислив: ’зарем овие навивачи ми аплаудираат мене?’. Тоа беше неверојатен момент. Играш фудбал за да победуваш, но и да ги направиш навивачиет среќни. Кога ќе се случи таков момент на гостински стадион, чувството е уште подобро. А против Реал Мадрид на ’Бернабеу’? Уникатно, како да си освоил трофеј“, вели Дел Пјеро.

Scroll to Top