Top Sport

Дел Пјеро: Лутиот Игуаин сака да му се одмазди на Јувентус

Гонзало Игуаин е „лут“ што беше избркан од Јувентус по пристигнувањето на Кристијано Роналдо и сака одмазда против „старата дама“, вели легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро дел Пјеро.

И покрај тоа што постигна 55 гола во 105 настапи за „бјанконерите“, докажаниот напаѓач беше сметан за „вишок“ во Торино и по доаѓањето на Роналдо, тие го предадоа на Милан, каде што во седум настапи Пипита веќе има шест гола. Иконата на Јуве, Дел Пјеро вели дека ова може да им се одмазди на Јувентус.

„На Милан тој им е многу потребен, поради неговите голови, но и поради лидерството на теренот. Сите трчаат да го гушнат кога ќе даде гол, што покажува дека тој е среќен во Милан и дека добро се снајде. Пред трансферот во Јувентус тој се жалеше многу на мали работи, но во Јуве стана подобар и научи да биде тимски играч. Но, сега им е лут на Јувентус и сака да им се одмазди. Имаше добра сезона со Јуве, но пак беше продаден. Видовте како прославува? Ги отвара рацете како да сака да биде гушнат“, вели Дел Пјеро.

Игуаин, сепак, уште е фудбалер на Јувентус бидејќи е само позајмен играч на Милан, кои треба да искешираат 36 милиони евра на крајот на сезоната ако сакаат да го направат трансферот постојан.

Фото: ЕПА

Scroll to Top