Top Sport

Дел Пјеро: Модриќ ја заслужи наградата, Роналдо требаше да биде таму

Легендата на Јувентус, Алесандро дел Пјеро вели дека Кристијано Роналдо морал да биде присутен на ждрепката за Лигата на шампионите, и покрај тоа што таму не ја доби наградата за најдобар фудбалер на УЕФА.

Шпекулациите велат дека Португалецот се решил да не биде во Монако откако УЕФА реши да му ја додели наградата за најдобар на Лука Модриќ, и според Дел Пјеро, новата ѕвезда на Јувентус можела да покаже повеќе достоинство.

„Одлуката да се даде наградата на Лука Модриќ беше исправна. Да беше таму Роналдо, немаше да има контроверзи. Не знам што се случи. Знам дека и мене не би ми било сеедно дали ќе ја добијам наградата, но барем ќе бев таму“, вели Дел Пјеро.

Scroll to Top