Top Sport

Дел Пјеро: Сега треба да му се даде поддршка на Пирло

Легендата на Јувентус, Алесандро дел Пјеро не се согласува дека Андреа Пирло треба да добие отказ по шокантниот пораз од Беневенто и просечната сезона на актуелниот италијански шампион, туку дека сега треба да се застане во негова одбрана.

„Јуве решија да одат со Пирло минатото лето со проект пред нив. Никој проект не се завршува по една неуспешна сезона. Но, има и проекти кои се прекратуваат предвреме по еден голем проблем. Мислам дека сега треба да му дадат голема поддршка бидејќи од него побараа да работи без никакво искуство. Затоа таа поддршка треба да биде тука и следната сезона. Само да влезат во Лигата на шампионите“, вели Дел Пјеро.

Тој исто така не смета дека Кристијано Роналдо е проблемот во тимот.

„Како може тој да биде проблем? Пред три години сите го гушкаа во Јувентус, а сега се против него? Се работи за еден од најдобрите на светот заедно со Меси. Тој дава голови секој натпревар и затоа го донесоа тука. Мора да се изгради тим за него и да се заддржи фокусот“, вели Дел Пјеро.

Scroll to Top