Top Sport

Дел Пјеро си купи фудбалски клуб во Лос Анџелес

Легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро дел Пјеро го купи ЛА 10 ФЦ, фудбалскиот развоен клуб од Лос Анџелес, кој настапува во УПСЛ лигата, полу-аматерската лига во САД.

„За мене фудбалот е чистса страст. Исто така секогаш сакав да поседувам мал фудбалски клуб и да ја почувствувам страста. На крајот на минатото лето решив во партнерство со Џефри Вејлен да купам фудбалски клуб од Лос Анџелес. Тимот се вика ЛА 10 ФЦ, и боите се црно-бели. Во нашата деби сезона завршивме на првото место и сега сме во најдобрата лига во УПСЛ, зад втората лига. По период на анонимност, решив да го споделам ова искуство со вас“, напиша Дел Пјеро на официјалниот веб-сајт на клубот.

Scroll to Top