Алесандро дел Пјеро вели дека времето кое Зинедин Зидан го помина како фудбалер во Италија е една од најголемите причини за неговиот успех како менаџер.
Зидан беше креаторот на 3:0 победата на Реал над својот поранешен клуб во Торино минатата недела откако Кристијано Роналдо постигна два гола, и Дел Пјеро, кој помина пет сезони со Зидан во Јуве, вели дека тактичката подготвеност на Зидан е создадена во Торино.
„Како Италијанци, ние сме манијаци за некои работи. Кога ќе го погледнете тимот на Зидан, јасно гледате што се случува. Зинедин имаше чест да работи со Марчело Липи и Карло Анчелоти во Јувентус и тие беа многу важни за него. Мислам дека размислува многу за Италија кога ја прави тактиката. Покажува што научил во кариерата. Во Италија е уникатно да си тренер – има притисок од сите делови – од фановите, од медиумите, од управата, но и од играчите. Фудбалот е најважен тука и мораш да си добро подготвен“, вели Дел Пјеро.
Фото: ЕПА