Top Sport

Деле Али ќе остане во Тотенхем до 2024 година

Деле Али го продолжил договорот со Тотенхем. Според новиот договор тој во клубот од северниот дел на Лондон ќе остане до јуни 2024 година.

Клубот не ги соопштува деталите од новиот шест годишен договор што го потпишал Али, а некои медиуми шпекулираат дека фудбалерот добил двојно поголема плата, што значи дека ќе заработува 100.000 евра неделно.

Деле Али е играч на Тотенхем од 2015 година, претходно игра за МК Донс. Досега има одиграно 153 натпревари, на кои постигнал 48 гола.

Scroll to Top