Деле Али ја имаше својата најлоша сезона во 2020/21, во една „сива“ сезона за Тотенхем со седмо освоено место во Премиер лигата и со многу проблеми со поранешниот тренер Жозе Мурињо, кој во 32 лигашки меча му даде само 233 минути игра.
Но, и покрај тоа, 25-годишниот англиски репрезентативец кој не беше повикан за ЕУРО 2020 вели дека португалскиот тренер не е виновен за мизерната година.
„Единствена личност која ја обвинувам сум самиот јас. Требаше да играм на ниво со кое ќе беше тешко да ме остават на клупата. Не обивнувам никого освен самиот себеси. Да се работи со Мурињо беше неверојатно искуство и научив многу од тоа“, вели Али.
Тој вели дека е подготвен да покаже дека е во најдобра форма во кариерата под новиот тренер Нуно Еспирито Санто.
„Нуно заврши фантастична работа со Вулфс. Едвај чекам да почнам да работам со него и ова е возбудливо време за клубот. Сакам новата сезона да биде најдобрата во мојот живот“, додава Англичанецот.