Top Sport

Деле Али нема да игра против Швајцарија

Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али, ќе го пропушти пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Швајцарија поради повреда на бутниот мускул.

Али повредата ја заработил во сабоата, на натпреварот против Шпанија на „Вембли“. Тој дуел одигран во рамките на Лигата на Нации и припадна на Шпанците со 1:2.

22-годишниот фудбалер решил неговата повреда да ја третираат клупските доктори и веќе ги напуштил репрезентативните колеги кои се подготвуваат за натпреварот во Лестер.

Селекторот Герет Саутгејт нема да повикува друг играч на местото на Али, бидејќи претходно на репрезентацијата им ги приклучи Бен Чилвел и Демар Греј од селекцијата до 21-година.

Чилвел и Греј, фудбалери на Лестер, би можеле да дебитираат за Англија пред домашната публика, бидејќи „Гордиот Албион“ ќе ја пречека Швајцарија на „Кинг Пауер“ стадионот во Лестер.

Scroll to Top