Top Sport

Деле Али „никаде го нема“! Бешикташ не знаат каде е нивниот фудбалер

Тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш потврди дека клубот се обидува да го пронајде нивниот фудбалер, Деле Али, откако Англичанецот не се вратаил на тренинзи со турскиот клуб.

Али, кој е позајмен во Бешикташ од Евертон, нема настап за клубот од 26 февруари од мечот со Анталијаспор, кога наводно му било соопштено дека веќе нема да игра за клубот по серија незадоволителни настапи. Ова очигледно Али го сфатил буквално и не се појавил на тренинзите по кратката паузаа.

„Му дадовме дозвола да направи мала пауза, но тој не се врати. Врне, можеби затоа не се појави. Се обидуваме да дознаеме каде е во моментов“, вели Ѓунеш.

26-годишниот Али се вратил во Лондон, каде што беше фотографиран со Ким Карадашијан, која минатата недела ја посети Велика Британија. Ова е последен инцидент во неверојатниот пад во кариерата на Али, кој е двократен освојувач на наградата за најдобар млад фудбалер во Премиерлигата.

Scroll to Top