Top Sport

„Делии“, кај Белград нападнале автобус со навивачи на Риека

Навивачите на Риека биле нападнати во Србија на враќање од Косово. Околу 50 членови на навивачката група „Армада“ ја придружуваа Риека на првиот натпревар од 2. прелиминарно коло од Конференциската лига против Дукаѓини на Косово. По победата на нивниот клуб во Приштина (1:0), тие преку Србија се враќале во Хрватска. Тие биле нападнати од маскирани хулигани во 4 часот наутро на автопатот кај белградската населба Грочка.

Во нападот вандалите употребиле палки и ги искршиле стаклата на автобусот во кој се превезувале хрватските навивачи. Во нападот полесно бил повреден возачот на автобусот.

На местото на несреќата брзо пристигнале службите на итната помош и полицијата.

Српски „Телеграф“ во детали опшува како дошло до инцидентот. Хрватските навивачи имале полициска придружба во транзит низ Србија, но само од едно возило. Тоа не претставувало закана за српските хулигани, а очевидци откриваат дека се работи за „Делии“, навивачи на Црвена звезда.

Сведок на нападот вели: „Сè се случи во 4 часот наутро на автопатот кај Гроцка во правец кон Белград кај Транспед. Неколку маскирани лица со ознаки на Црвена звезда го блокираа автопатот Ниш-Белград со неколку автомобили. Потоа излегоа од автомобилот и настанала вистинска драма. Тие беа вооружени со палки и го оштетија“.

На автобусот имало неколку искршени стакла, возачот се здобил со расекотини на рацете и му била укажана помош, додека, според последните информации, немало повредени меѓу навивачите.

Scroll to Top