Вчерашното белградско дерби помеѓу Црвена звезда и Партизан остана запаметено по „необичниот“ гол со кој Звезда израмни и за кој уште трае дискусија дали е регуларен, но и тепачката која се случи пред фудбалерите на Звезда по крајот на мечот.
Актери беа „Делиите“ и навивачите на рускиот Спартак Москва, кои пристигнаа во Белград да ги поддржат своите „браќа по боја и вера“, а причината за конфликтот е бизарна – дресовите на фудбалерите.
На навивачите на Звезда не им се допаѓаше што тие ги бараат дресовите на фудбалерите на својот клуб, па решија да ја земат работата во „свои раце“.