Иако минатата сезона Манчестер јунајтед не играше во Лигата на шампионите сепак остварил најголема заработка. „Црвените ѓаволи“ ја освоија Лига Европа, а приходувале вкупно 676,3 милиони евра или 1,7 милиони евра повеќе од шпанскиот и европски првак Реал Мадрид.
На листата која традиционално ја објавува „Делојт“, во изминатите две децении само овие два тима биле на челната позиција според остварените приходи.
Реал приходувал 674,6 милиони евра, трета е Барселона со 648,3 милиони, а во првите пет уште се и минхенски Баерн (579 милиони) и Манчестер Сити (527 милиони).
Во првите 20 доминираат англиските клубови, најмногу поради рамномерната распределба на нарите од ТВ правата. Така Арсенал е шестти, Челси осми, Ливерпул деветти, а на десеттото место е ПСЖ (468 милиони).
Јувентус е на единаесеттото место, приходувал 405 милиони најмногу од сите италијански тимови.
Во Топ 20 од англиските тимови уште се и Тотенхем, Лестер, Вест Хем, Саутемптон и Евертон, а од останатите на 12.место е Борусија Дортмунд, 13. е Атлетико Мадрид, 15. е Интер, 16. Шалке, а 19. е Наполи.